Безимен Poem by Panche Kovachovski

Безимен

Јас сум се, само не самиот себе,
Јас сум секој паднат лист, од есента уништен,
Секоја желба, изгубена некаде во непознатото,
Секое тажно сеќавање кое талка бескрајно,
Секое ништо, кое посакало да е нешто,
Секоја солза, на тага што потсеќа,
Секој лелек, од дното на срцето испуштен.

Јас сум месечината, осамена, без ѕвезди опкружена,
Сонцето пресветло, оддалечено од секого,
Секоја тревка, ветрот што ќе ја откине,
Па ќе ја носи со себе, некаде, во неповрат.

Јас имам име, но тоа служи само за формалности,
Во обичниот живот, како со гума е избришано,
И не може да се напише повторно, животот не ми дозволува,
Ме остава безимен, во потрага по самиот себе.

COMMENTS OF THE POEM
READ THIS POEM IN OTHER LANGUAGES
Close
Error Success