ТЕОРИЈАТА НА ВЕТРОТ Poem by Makoto Ooka

ТЕОРИЈАТА НА ВЕТРОТ

По дождот. Има вирови.
Чекорам низ шумата.
Парење на шарени птици.
Бела осмоза од звуци на небото.
Камењата добиваат клизма од потокот.
Треперливи сфинктери на камчињата.
Треперлива болка врз нивното тело.
Додека ветрот бранува, светлината на денот се испревртува и го преплавува полето, и
за миг некој е со око што гледа низ бескрајот.
Ми шепоти ветрот,
„Кога само би ја имал оваа дрога на светлината,
би можел и ровец да натерам да заплива низ реката
пред твоите очи".
Ти, будалесто, слатко и мило ветре.
Вие, лажливи, безгранични недра!

COMMENTS OF THE POEM
READ THIS POEM IN OTHER LANGUAGES
Close
Error Success