Свет Луд Со Извори Пурпурни Poem by Aleksandar Sasha Trajkovski

Свет Луд Со Извори Пурпурни

(поезија најдобрата се пишува во моментите на тага
најголема,
под влијание на емоцијата најсилна,
во најнемата смртна тишина)



Те проколнувам свету луд...
Пристигнав задишан со плач,
и гледам свет на лик на маскенбал од кловнови...
Какво човештво да очекуваме,
кое се дави во катран матен,
и неуморно нè уверува да веруваме
дека сè што лета се јаде,
Нè грабна под шепата немиена...
ни ги замати умовите,
ги стави на тронот неуките,
и на крај успеа да нè потчини,
носејќи на грдото лице
пластична насмевната маска...
Моите очи не се осмелуваа,
долго да се отворат, од ужасот и стравот.
Најмалку можев да ја гледам крвта,
што ја пролеваа од најневините.
Нè направивте непријатели на самите себе,
како птици грабливки,
кои не си го знаат ниту својот плен...
Мирис на смрт околу мене,
згрутчена крв,
и чад од кибрит евтин.
Те проколнувам свету луд...

Свет Луд Со Извори Пурпурни
COMMENTS OF THE POEM
Close
Error Success