Тажното Носе Poem by Aleksandar Sasha Trajkovski

Тажното Носе

Rating: 5.0

ТАЖНОТО НОСЕ
Приказната за носето тажна,
а и по малку солзлива и влажна,
започнува обично секое утро,
и секогаш на крајот
од голготата тешка,
зачинета од некој чуден солен зачин,
завршува со истиот крај
и на истиот начин.
Носето на бебето,
едвај со шепот ни вели,
дека носи тежок товар вреќи врели,
од извори бистри
и солени реки.
И никој не се охрабрува да ги носи,
од плачот што како бура,
сè пред себе коси,
па дури и магарето
одбива да ги носи,
со копитата свои голи и боси.
За мирисот магичен на солта,
со некоја чудна нијанса,
на боја жолта,
ниту големиот нос на волот,
нема храброст да ја голта.
И нема кочија што може да го вози,
тој товар што својот мирис гордо го носи.
Така приказната за носето тажно,
херојчето наше смело и важно,
заврши мудро и славно
во марамчето на баба,
мирисливо и влажно.

(КРАТКИ ПОЕМИ ЗА НАЈМЛАДИТЕ БОЕМИ)

Тажното Носе
POET'S NOTES ABOUT THE POEM
Александар С. ТРАЈКОВСКИ e роден на 28 март 1985 година во Битола. Тој e дипломиран доктор, македонски поет, преведувач и толкувач, редовен член и дел од Македонското научно друштво - Битола. Збирката поезија „Кратки поеми за најмладите боеми" е богата поетска ризница, мозаик од емотивни пораки, идна училишна лектира, изобилство на едноставни детски песнички, но со моќни пораки низ стиховите, преку кои авторот ни ги соопштува сопствените длабоки согледувања и сознанија за детските стравови и дава свои совети за најважните и најнужните нивни потреби. Мотивот кој најмногу го третира е вечната мистичност на детската искреност, нивната кротка невиност и, во исто време, љубопитноста на детското срце. Генерално опфатени се најважните животни вредности за кои секое дете треба да има почит и да ги негува.
COMMENTS OF THE POEM
READ THIS POEM IN OTHER LANGUAGES
Close
Error Success