ЖЕНИ Poem by Ghayath Almadhoun

ЖЕНИ

Жени кои гмечат грозје од дамнини
Жени заклучувани во појаси на невиност во Европа
Вештерки спалувани живи во Средниот век
Жени во деветнаесеттиот век кои за да ги издадат своите романи
користеле машки псеводоними
Берачки на чај во Шри Ланка
Жени од Берлин кои го возобновиле својот град по војната
Жени кои одгледуваат памук во Египет
Жени Алжирки кои мачкале лајна по своите тела
за да не ги силуваат француските војници
Девици за пура во Куба
Црни дијаманти во Либерија
Самба танчарки во Бразил
Жени на кои киселина им го одзела лицето во Авганистан
Мајко
Простете.

COMMENTS OF THE POEM
READ THIS POEM IN OTHER LANGUAGES
Close
Error Success