Лесно е да се биде единствена кучка на Месечината:
мавтањето на твојата опашка и зјапањето во кратерот
за кој мислиш дека е празна чинија
добиваат метафизичка вредност;
немаш веќе ни кому да лаеш
освен на некое знаме, снимаа сѐ
и наместо коска ти подадоа микрофон,
но не снимија како ја поткреваш ногата
во намера да се измочаш крај него;
Лесно е да се биде
кога твоите крлежи ги откупуваат музеите.
Лесно е да се биде единствена кучка на Месечината,
тешко е да се биде единствена Месечина над толку кучки
што сите до една сакаат да пишуват поезија,
но дури откако ќе те излижат,
дибро ќе те стварат целиот
и потоа ќе те спуштат во метатревата
како бела брбушка, дајџест издание
од самото лично искуство.
This poem has not been translated into any other language yet.
I would like to translate this poem