Супружници зад тастатурите (страв од блискост) Poem by ANA RISTOVIĆ

Супружници зад тастатурите (страв од блискост)

Ќе седиме во истата соба за спиење,
молчејќи, секој на својата маса,
и ќе си испраќаме еден на друг најпрвин опширни,
а потем многу скудни писма
преку интернет.

На крајот ниту тоа, туку само потписи
со прашање
Дали си за кафе, чај, бакнеж,
или за ништо.

Екранте ќе горат и брмчат
од вишок паметење на она
што сме го оставиле во ходникот
на гласната ранобрачна историја.

Натиснувајќи се со целото тело
во белината на стаклото како некогаш во снегот
ќе правиме паднати ангели
тешки милион гигабајти
од кои се руши и најцврстиот систем.

Она што ќе преживее, ќе биде сино
како окото на гилотината.

Она што ќе проговори:
масите, столовите, пепелниците и подовите
ќе сенадгласува едно со друго
позајмувајќи го само обликот
на нашата некогашна блискост...

COMMENTS OF THE POEM
READ THIS POEM IN OTHER LANGUAGES
Close
Error Success